Утрински Весник
Македонија

Македонска државјанка уапсена во Косово поради измама

Lisici.webp.webp

Косовската полиција соопшти дека во неделата уапсила државјанка на Северна Македонија, под сомнение за измама. Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека осомничената измамила лице во врска со одредена исплата на 12 јули во градот Подујево.

„На 25.8.2024 година, уапсена е осомничена жена, државјанка на Северна Македонија, која ја измамила жртвата од машки пол, Косовар, во врска со исплата“, се вели во соопштението.

По налог на надлежен обвинител, на осомничената ѝ е одредена мерка притвор.

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош