Утрински Весник
Македонија

Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Vf1.jpeg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Струмица присуствуваше на поставување камен темелник на новиот пазар во Струмица кој ќе биде најголем пазар во државата. Пазарот ќе се протега на површина од 42.000м2 и е еден од многуте проекти на градоначалникот Костадин Костадинов и општината. Филипче истакна дека ваквите проекти го зголемуваат квалитетот на целокупното живеење во една општина.

„Камен-темелникот на воведувањето во работа на градскиот пазар тука во Струмица за прв пат со таков капацитет со над 40 илјади квадради којшто има вредност од над 230 милиони денари во ваков еден крај во којшто земјоделството е главна дејност, граѓаните ќе го осетат како благодат. Ова не е единствен проект, градоначалникот спомна уште неколку проекти коишто или се одвиваат или допрва ќе треба да почнат во општината. Заедничко за сите тие проекти е што сериозно го зголемуваат квалитетот во општина Струмица. Тоа е доказ дека градоначалниците на СДСМ работат одговорно во интерес на граѓаните, работат рационално и навистина брзо ги остваруваат сите проекти што се ветени во нивните програми”-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот