Утрински Весник
Скопје

Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби

Whatsapp Image 2024 08 26 At 10.08.08 D4448ebd.jpg

Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите” и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства.

Во таа насока, Општина Центар распиша јавен повик за работно ангажирање на невработени лица кои во период од девет месеци, колку што трае учебната година, ќе бидат по 4 часа со таргетираните ученици и ќе им го олеснат следењето на наставата.

Личните асистенти треба да ги реализираат следниве активности: да им помагаат на учениците  при движење низ училишните простории, при користење дидактички материјал во текот на наставата, при извршување на училишните обврски и да им помогнат во олеснување на комуникацијата со наставниците и со соучениците.   

За личните асистенти, пак, ангажманот ќе придонесе за подобрување на нивната работна способност и вештини што ќе им овозможат да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на трудот.

Општина Центар целосно самостојно го финансира проектот „Образование за сите” веќе петта година по ред во рамки на Програмата за образование. За учебната 2024/25 предвиден е буџет во износ од 3.500.000 денари, кој ги покрива трошоците за 25 лични асистенти.

Деталите од повикот и условите за пријавување погледнете ги на следниов линк https://www.centar.gov.mk/?p=22424.

Можете да прочитате

Влада: На Скопјани им треба брзо решение, она што го бара Арсовска е набавка што трае година до година ипол

Град Скопје: Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани

Oд понеделник приватните превозници пак нема да возат во Скопје