Утрински Весник
Свет

Трамп: Бајден и особено Харис ја водат Америка кон Трета светска војна

Tramp 1.webp.webp

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп, оцени дека администрацијата на претседателот Џо Бајден, а особено кандидатката на демократите, Камала Харис, ја водат Америка кон Трета светска војна.

„Кој преговара за нас на Блискиот Исток? Бомби паѓаат насекаде. Заспаниот Џо (Бајден) спие на плажа во Калифорнија, прогонет од демократите, а неговата пријателка Камала (Харис) е на турнеја со автобус со Тампон Тим (потпретседателскиот демократски кандидат Тим ​​Волц), нејзиниот навистина лош избор за потпретседател. Ајде да не се случи Трета светска војна, затоа што во тој правец одиме“, напиша Трамп на мрежата Х.

Изјавата на Трамп доаѓа во време на ескалација на Блискиот Исток.

Израел вчера изврши серија воздушни напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, сооштувајќи дека нападите се превентивен потег за да се спречи Хезболах да лансира ракети и проектили кон централен Израел.

Хезболах, пак, објави дека во првата фаза од нападот врз Израел истрелал 230 проектили на северот на оваа земја, како одговор на атентатот на високиот командант на Хезболах Фуад Шукр на 30 јули во Бејрут.

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи