Утрински Весник
Македонија

Локализиран пожарот во млекарницата во тетовско Камењане

Img 3133.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пожарот кој избувна во млекарницата Хит 73 во Камењане, Општина Боговиње, е локализиран по речиси два часа интензивна борба со огнот од страна на пожарникарите. Според информациите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, пожарот бил пријавен во 18:20 часот, по што целата смена, заедно со пожарникарите од ноќната смена, веднаш се упатиле на терен.

Командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети, информира дека пожарот е делумно локализиран и дека поголемиот дел од фабриката е изгаснат. За време на операцијата, користена е механизација, вклучувајќи багери, а поддршка пристигнала и од локални фирми со цистерни. Во акцијата помогнале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци, што значително придонело кон контролирање на ситуацијата. Амети истакна дека, иако штетата е голема, најважно е што нема жртви или загрозени лица.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), густиот чад од пожарот бил видлив дури и во Тетово, на десетина километри од млекарницата, придружен со непријатна миризба. Акцијата за целосно гасење на пожарот ќе продолжи и во следните неколку часа.

Можете да прочитате

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

Миноски: Економските мигранти се последно решение за проблемите на пазарот на труд

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола