Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка во Ростуше, повредени седум лица, меѓу кои четири деца

Skreseno Staklo Soobrakajka.jpg

На 24.08.2024 во 21.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар кај с.Ростуше се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со италијански регистерски ознаки, управувано од И.И.(35) од с.Требиште и патничко моторно возило „форд“ со скопски регистерски ознаки управувано од Е.С.(21) од гостиварско Велебрдо.

Во несреќата возачот на патничкото моторно возило „форд“ Е.С. и два малолетни сопатници од патничкото моторно возило „опел“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека возачот на патничкото моторно возило „опел“ И.И и сопатниците А.И. и две малолетни лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По насоки на јавен обвинител, увид изврши полициска екипа од ОВР Гостивар

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите