Утрински Весник
Свет

Гранатиран хотел во Краматорск во кој била екипа на Ројтерс, еден исчезнат двајца ранети

Kramatorsk.webp.webp

Член на екипа за известување на Ројтерс, за војната во Украина, исчезна, а уште двајца се хоспитализирани по нападот на хотел во градот Краматорск во источна Украина.

Во соопштението, новинската агенција наведува дека хотелот Сафир, каде што престојувал шестчлениот тим на Ројтерс, бил погоден со проектил во саботата. „Еден наш колега е исчезнат, додека други двајца се пренесени на лекување во болница“, соопшти агенцијата.

„Пронајдени се уште три. Итно бараме повеќе информации, соработуваме со властите во Краматорск и ги поддржуваме нашите колеги и нивните семејства. Ќе ве известиме кога ќе имаме повеќе информации“.

Вадим Филашкин, гувернерот на областа Доњецк, денеска на Телеграм објави дека „Русите го погодиле Краматорск“, и дека двајца новинари се повредени, додека еден исчезнал по нападот врз хотелот.

„На лице место работат властите, полицијата и спасувачите. Во тек се операции за расчистување и спасување на урнатините“, рече тој.

Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина во соопштение на Tелеграм соопшти дека отворила „прелиминарна истрага“ за нападот, што се случил во 22:35 часот по локално време.

„Руските сили го погодија градот Краматорск, најверојатно со проектил „Искандер-М“.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња