Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Целосна невистина е пропагандата на Левица дека наводно јас сум продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за фотоволтаици

Maricic.jpg

Маричиќ продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за поставување на фотоволтаици, само Левица гласаше против, ова денес го соопштија од партијата Левица, а предмалку стигна демант од Маричиќ.

Целата објава ви ја пренесуваме во продолжение:

“Целосна невистина е пропагандата на Левица дека наводно јас “сум продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за фотоволтаици”.

Еве ги фактите:
Јас, ниту како министер за правда, ниту како вицепремиер за европски интеграции никогаш не сум имал надлежности за оттуѓување државно земјиште.

Се злоупотребува тоа што јас сум претседавал со одредена седница на Влада, по налог на премиерот, на која седница оваа точка била на дневен ред.

Одлуките од овој карактер задолжително се носат со мнозинство гласови, како колективни одлуки на владата, но исклучиво после добиено позитивно мислење од сита надлежни институции.

Во овој случај, како што веќе известија медиумите, претходно позитивно мислење дале сите релевантни институции, а особено важно е што Националниот конзерваторски центар и Управата за заштита на културното наследство дале мислења дека нема културно наследство што е загрозено со отуѓување на оваа парцела.

Во вакви случаеви, оној кој претседава со седница на Влада има обврска да ја стави точката на дневен ред и да побара мислење од Владата.

Заклучок: Левица тера лажна пропаганда, Владата донела одлука врз основа на претходни позитивни мислења од сите сите засегнати институвии, а јас како вицепремиер само сум ја водел таа седница на Влада, по налог на премиерот кој бил оправдано отсутен”, напиша Маричиќ во демантот на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !