Утрински Весник
Магазин

Совети за негување кршливи нокти

1708002705 WhatsApp Image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg

Убавите и негувани нокти се важен дел од сечиј изглед, особено кај дамите. Но, има многу причини зошто некои жени и мажи имаат слаби и кршливи нокти… Меѓу главните се изложеноста на вода, прекумерна употреба на лакови и отстранувачи на лак, или пак, здравствени проблеми.

За зајакнување на ноктите, се користат многубројни домашни лекови. Еден од најлесните начини е нанесување обичен вазелин секоја вечер пред спиење. Тоа ги хидрира ноктите и ги прави поцврсти.

За тоа, пак, помага и сок од портокал. Постапката е следна – се цеди портокал и прстите се потопуваат во сокот и се држат така најмалку 10 минути. Тоа се повторува секој ден. Овој начин на негување на ноктите обезбедува антиоксиданси коишто ќе ја подобрат и цврстината и изгледт, како и побрз раст. На крајот, задолжително се мијат рацете – темелно, со млака вода. Потоа може да нанесете природен хидратантен крем, како маслиново масло, ленено семе или кокосово масло.

Маслиновото масло е едно од најдобрите средства за негување нокти. А, во комбинација со сок од лимон ќе го поддржи растот и ќе ги отстрани дамките. За домашен лосион, се мешаат три лажици маслиново масло со лажица сок од лимон. Смесата се става во сад и се потопуваат прстите во неа, 10 минути.

И кокосовото масло е делотворно. Заситените масти делуваат како навлажнувач и може да спречат инфекции на ноктите. Добро е само да се загрее мала количина и да се нанесе на ноктите. Потоа нежно се масираат пет минути, заради подобар крвоток и хидратација. Потребно е да се нанесува двапати на ден, за побрз ефект. 

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир