Утрински Весник
Спорт

Јокиќ на соиграчите им подари Ролекс

Roleks.jpg

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги почести соиграчите од репрезентацијата по освојувањето на бронзениот олимписки медал во Париз. Кошаркарите на Србија ја победија Германија во битката за третото место, а центарот на Денвер за тој успех им подари часовници на своите пријатели од репрезентацијата.

Како што објави Блиц, се работи за Ролекс чија вредност е околу 32.500 долари, а за овие подароци трикратниот МВП на НБА искеширал вкупно 357.500 американски банкноти.

Јокиќ сега ја чека новата НБА сезона која започнува во вторник на 22 октомври. Денвер и Јокиќ ќе бидат домаќини на Оклахома Сити Тандер во првиот натпревар од новата сезона на 25 октомври, регуларниот дел ќе заврши на 13 април.

Два дена подоцна ќе започнат натпреварите од плеј-офот кои ќе завршат на 18-ти, додека плеј-офот ќе започне на 19-ти април.

Можете да прочитате

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија