Утрински Весник
Свет

Русија прогласи вонредна состојба во дел од регионот Воронеж по напад со дрон

Bespilotni Letala.jpg

Русија прогласи вонредна состојба во регионот на Воронежската област што се граничи со Украина по полноќен напад со дрон, објави денеска локалниот гувернер Александар Гусев на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.

Според него, руските сили пресретнале пет беспилотни летала. Паѓањето на остатоци предизвикало пожар што предизвикал детонација на експлозивни предмети.

Ниту една станбена зграда не е оштетена, но властите мораа да воведат итни мерки во три населени места во регионот Острогож и да евакуираат 200 луѓе, наведе тој.

„Поради ликвидација на последиците од пожарот и детонација на експлозивни предмети во Острогожската област, воведена е вонредна состојба на територијата на три населени места. Евакуирани се вкупно околу 200 лица“, меѓу кои и жителите од едно село, истакна Гушев. „Одвоен е пункт за привремено сместување, но речиси сите жители отидоа кај своите роднини. Оние кои живеат во соседното село се информирани за безбедносните мерки“, додаде гувернерот на руската област Воронеж.

Можете да прочитате

Во Минхен убиен осомничениот за пукањето во близина на Израелскиот конзулат, бил австриски државјанин со потекло од БИХ

Мишел Барние на чело на новата влада, Макрон бара национално единство

ЕВРОПСКИТЕ АЛПИ УБАВО ПОБЕЛЕА: Пристигна зимата на високите места низ европскиот континент