Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: До кога СДС ќе го штити Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка?

Image 2024 08 23 122503903.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

До кога СДС ќе го штити Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка?

Пајазит Пајазити е единствено виновен зошто Блерим Рамадани избега. Да досудеше Пајазити ефективен затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка.

Пајазити треба веднаш да биде разрешен, единствено е судија заради заштита на СДС и ДУИ преку нивните инсталации во судството.

СДС лаже и манипулира со денови, само овој извршител на ДУИ да остане судија.

Од друга страна СДС расфрла пердуви да го прикрие скандалот со избеганите зарвореници од Идризово и Шутка, кои се приведени за убиството кај Мавровка, а од затвор избегале во време на СДС. Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај Мавровка немаше да се случи. Логично се поставува прашањето, дали СДС намерно дозволи и овие двајца затвореници да избегаат и со која цел?

Институциите се девастирани од СДС и ДУИ. Последиците од тоа се чувствуваат уште. Но за сето тоа одговорност ќе има, а институциите веќе се вратени на граѓаните.

Можете да прочитате

СДСМ ја поднесе иницијативата до Уставен суд, бара укинување на резолуцијата на ДПМНЕ и ЗНАМ

Перински: Штип во фокусот на ИПА инвестиции за зелена инфраструктура и одржлив туризам

Кривична пријава за изборен поткуп за екс градоначалникот на Крушево