Утрински Весник
Свет

Седум лица го загубија животот во пожар во хотел во предградие на Сеул

20240823073546 Big 730x400 43.webp.webp

Најмалку седум лица загинаа во пожар што избувна во хотел во Јужна Кореја во текот на ноќта, соопштија јужнокорејските медиуми, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Пожарот избувнал синоќа во градот Бучеон, предградие западно од главниот град Сеул, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Најмалку 12 лица се повредени, од кои тројца се во сериозна состојба, наведува Јонхап. Некои од жртвите загинале откако скокнале од прозорците на зградата.

Пожарот избувнал на осмиот кат од деветкатната зграда, а околу 160 пожарникари биле испратени да го изгаснат огнот. Спасувачките операции во хотелот продолжуваат, изјавил полициски претставник за Јонхап.

Можете да прочитате

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции

Путин дојде во униформа на големата воена вежба на источната граница на НАТО

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта