Утрински Весник
Свет

Врховниот суд на Венецуела потврди дека Мадуро победи на претседателските избори

20240823065910 Big 730x400 70.webp.webp

Врховниот суд на Венецуела денеска потврди дека Николас Мадуро победил на претседателските избори одржани во земјата на 28 јули, наведувајќи дека резултатите од гласањето објавени на Интернет, според кои Мадуро изгубил, се фалсификувани.

Врховниот суд ја донесе одлуката како одговор на барањето на Мадуро да се преиспита вкупниот број на гласови дадени на претседателските избори на 28 јули, откако опозицијата ги објави записите од гласањето на интернет од 80 отсто од избирачките места, кои покажаа дека опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес победил со големо мнозинство.

Гонзалес не учествуваше во ревизијата на гласањето, изјавија судиите на Врховниот суд, кои го обвинија опозицискиот кандидат дека се обидува да шири паника.

Можете да прочитате

Драма на бродот „Амбишн“: Десетици патници заболени, еден британски турист почина

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал