Утрински Весник
Македонија

Муртезани: Уставни измените со одложено дејство би биле гаранција дека ќе нема нови блокади, преговарачката рамка не се менува

20240822162753 Big 730x400 19 2.webp.webp

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во изјава за ТВ 21 истакна дека се надева оти до декември, а може и порано, ќе се најде решение за уставните измени, а еден од моделите е одложена примена како гаранција дека ќе нема дополнителни блокади.

– Јас се надевам дека, можеби и пред овој рок, можно е да имаме потенцијално решение која конечно ќе го деблокира евроинтеграцијата на РСМ, но истовремено имајќи некоја гаранција дека нашиот пат кон ЕУ нема пак да се блокира во текот на преговорите, рече Муртезани.

Министерот кажа дека коалицијата ВРЕДИ останува принципиелна во барањето да се најде потенцијално решение за уставните измени во овој шестмесечен период. Според него, никој во Владата не ја оспорува потребата од уставни измени, но се разгледуваат начините како да се заштити процесот понатаму.

Муртезани појасни дека уставни измени со одложени дејство е еден од модалитетите за кои се размислува, а каде мора да бидат земени предвид и веќе потпишаните протоколи со Бугарија, кои станаа дел на заклучоците на Европскиот совет.

Тој вели дека е свесен за твредењата на евроамбасадорот Дејвид Гир оти не е можно менување на преговарачката рамка, и затоа се разгледуваат модалитети кои тоа го земаат предвид.

– Ние овој факт го знаеме, затоа сме го надминале ова како прашање, бидејќи е и став на 27 земји членки на ЕУ, не само на Бугарија. Не подразбира менување на преговарачката рамка. Се разгледуваат модалитети како можеме да се најде решение, без да се загрозува преговарачката рамка, бидејќи за тоа и официјално имаме јасни пораки дека не може да се промени, изјави Муртезани.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм