Утрински Весник
Македонија

Во јуни просечната месечна исплатена нето-плата речиси 42 илјади денари

Denari Izmama.jpg

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,6 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21,1 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5,4 и Административни и помошни услужни дејности за 4,5 отсто.

Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2024 година изнесува 62.964 денари и е за 15,1 отсто повисока отколку во јуни 2023 година.

Зголемувањето се должина зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,9 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 24 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,9 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5 и Административни и помошни услужни дејности за 4,4 отсто.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога