Утрински Весник
Македонија

КОНЕЧНО НИ ПРИСТИГНА ДОЛГО НАЈАВУВАНАТА “ЛА НИЊА”: Претстојната есен со пониски температури и со повеќе врнежи, додека зимата 2024/2025 студена и снежна

Image 131176.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

По долгото и екстремно топло лето, конечно ни пристигнува  и долго најавуваната “Ла Ниња”, односно ладниот Метеоролошки феномен. Неговото влијание веќе позначително го почувстувавме, и тоа по ова големо и долго очекувано освежување на времето, како и големиот пад на температурите на воздухот. Со оваа промена на времето, конечно веќе можеме да им кажеме збогум на ектремно високите температури за оваа сезона.

Нормално дека топли денови ќе има  и понатаму во септември, но температурите ќе бидат поумерени.

Како што можеме да забележиме на табелата, ладната “Ла Ниња” значително доби на интензитет, а понатаму во следните неколку месеци таа сеуште ќе се засилува и својот максимум ќе го достигне на крајот од оваа година.  Се на се, пред нас е есен со пониски температури на воздухот, но и со нешто повеќе врнежи на Балканскиот Полуостров. Врнежи очекуваме да има и во Македонија.

Што се однесува за зимата 2024/2025, токму ова ветува една многу поразлична зима кај нас, односно поостра  и поснежна зима. Би можеле да се соочиме со почести екстремно ниски температури на воздухот, како и со поголем број на снежни денови, па дури и на снежни невремиња.

Можете да прочитате

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег