Утрински Весник
Свет

Најмалку 28 загинати во автобуска несреќа во Иран

20240821084049 Big 730x400 52.webp.webp

Најмалку 28 лица загинаа во несреќа откако се преврте автобус што превезувал шиитски верници од Пакистан за Ирак во централен Иран.

Во несреќата што синоќа се случи во централната иранска провинција Јазд, повредени се уште 23 лица, од кои 14 се здобиле со тешки телесни повреди.

Во автобусот во моментот на несреќата имало 51 лице, а причината се истражува. Верниците биле на пат за Ирак да го одбележат Арбаин, 40-тиот ден по смртта на шиитски светец во VII век.

Тие се собираат во Карбала, Ирак, на најголемата годишна масовна пројава во светот.

Можете да прочитате

Големи поплави во Шпанија, има и загинати

Трамп пред избори: Над 20 милиони пензионери ќе добијат 90 долари на своите сметки

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор