Утрински Весник
Македонија

Дождот ги поплави улиците во Кичево попладнево – калта и водата ги затнаа шахтите (ФОТО)

Fb Img 1724170131643.jpg

Првиот дожд во изминатите два месеци што попладнево заврна во Кичево, предизвика вистински потоп во градот. Улиците беа претворени во реки, а на многу сообраќајници водената стихија донесе и големи количества кал. Сообраќајот беше крајно отежнат бидејќи водениот талог на повеќе улици беше длабок и половина метар.

Комуналното претпријатие претстојните денови ќе има многу работа да ги отстрани штетите што ги предизвика силниот дожд, бидејќи повеќе шахти се излеаја, а силните наноси вода донесоа многу кал од автопатот што е во изградба.

Можете да прочитате

Штипјанец се обидел да ѝ ја запали куќата на бившата партнерка

Левица: Уставниот суд се подготвува да ја зацементира цензурата врз нас

Мотоциклист загина во сообраќајка во Куманово