Утрински Весник
Скопје

Стојановски: Арсовска не може да си ја сработи работата која е нејзина надлежност

Sto Anovski.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ:

Денес ја видовме целата неспособност на градоначалничката и точната дијагноза зошто Скопје е во катастрофална состојба.

И од оваа ситуација Данела Арсовска најде причина да се скара, причина да одбие помош и причина да не сработи она што е нејзина надлежност и одговорност.

Според неа сите се виновни само Данела Арсовска е исправна.

Максимата модерно Скопје, со Данела Арсовска добива нова смисла, неспособно Скопје.

Народот вели на човек можеш со сила да му земеш, но не можеш да му дадеш. Жал ни е што не ја прифаќа понудената помош.

Сериозно треба да се разгледа можноста за кривична постапка за Арсовска за неисполнување на законските обврски и надлежности согласно закон.

Синхронизираното делување и изјави на Данела и СДС е повеќе од очигледно. Нема човек кој не ја препознава вистината.

И ќе сториме се што е во наша моќ да ги корегираме нејзините испади, неработење и неодговорно и детско однесување.

СДС ја киднапира Арсовска држејќи ја, и уценувајќи ја за криминални и неморални постапки. И сега како што СДС е измеќар на ДУИ, Арсовска е на СДС.

Можете да прочитате

Николоски: Автобусите за ЈСП ќе се плаќаат на осум рати во четири години

Ќе има привремен прекин на работата на жичарницата на Водно, еве кога ќе продолжи со работа

Д-р Чибишев: Воздухот во Скопје е три позагаден од дозволеното, на отворено носете маски, дома – прочистувач