Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ се фатени живи, потврдуваат дека информациите за скандалот со Гаши се точни

Sdsmmm.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Нервозните реакции и напади кон СДСМ од страна ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, само потврдуваат дека се што објави СДСМ во однос на скандалот на Гаши со земањето невеста од Косово е точно. 

Наместо да се обидуваат да манипулираат и го пренасочуваат вниманието, треба да одговорат на прашњата кои ги постави СДСМ и за кои јавноста бара одговори. Пред да го објавиме целиот скандал, прашуваме уште еднаш –  Кој дозволил приватни возила непречено да ја поминат границата без контрола заедно со Гаши? Кој бил во тие возила? Кој се возел од сватовите заедно со обезебедувањето во државните возила каде никој освен личното обезедување на Претседателот не смее да се вози? Дали се спремни да ги декласифицираат и објават снимките од граничниот премин?

Ова се реалните прашања и одговори кои ги очекува јавноста, наместо политизирање. Им даваме 24 часа да ги објават сите детали кои ги кријат за овој случај, во споритвно ќе ги објавиме ние. Ги повикуваме да одговорат на прашањата кои се јавен интерес и да престанат да го обвинуваат СДСМ за своето самоволие.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!