Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Награда за вработените на ПОЦ кои учествуваа во гаснење на пожарот на Јасен

Whatsapp Image 2024 08 20 At 11.22.47 26965afc.jpg

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска им изрази голема благодарност на Воислав Чижбановски, Сами Камилов, Ѓунеш Елес и Мифтар Рајкович вработени во ЈП Паркинзи на Општина Центар, за храброто и пожртвувано гаснење на пожарот на Јасен.

Советот на Општина Центар на вчерашната 39 седница изгласа одлука за доделување на парични средства за учество во гасењето на пожарите во висина од 36 000 денари.

„Во време на крајно сериозна ситуација со беснеење на пожарите во целата држава, време кога беше потребна солидарност и поддршка од институциите за заштита на шумите и имотите на граѓаните, вклученоста на нашите вработени е навистина за почит. Вработените на ЈП ПОЦ

со цистерната неколкупати даваа логистичка поддршка на екипите од ЦУК и Армијата во справувањето на огнот. На Јасен гореше букова шума повеќе од 20 дена, додека во државата беа активни повеќе од 40 пожари. Во таква алармантна ситуација неопходна беше хуманост и институционална и цивилна поддршка. Затоа ви се заблагодарувам за тоа што сте храбри и свесни за давање поддршка кога тоа е потребно. Вие сте пример како треба да се постапува кога е загрозено државното и јавното добро“, им порача Герасимовски.

Општина Центар во периодот на беснеeње на пожарите свика итен координативен состанок со општинскиот Штаб за заштита и спасување и претставник на Центарот за управување со кризи каде беше договорено вклучување на општинските служби со сите расположливи капацитети на општината. Преку општествено одговорни компании Општина Центар обезбеди и донации на вода и освежителни пијалаци и нивен транспорт до местата каде се наоѓаа екипите кои интервенираа.

Можете да прочитате

Ќе има привремен прекин на работата на жичарницата на Водно, еве кога ќе продолжи со работа

Д-р Чибишев: Воздухот во Скопје е три позагаден од дозволеното, на отворено носете маски, дома – прочистувач

Ќе се гради подземна гаража кај Скендербег, Владата одвои 20 милиони евра