Утрински Весник
Македонија

Српски полицајци во Охрид за летната туристичка сезона

20240820093527 Big 730x400 14.webp.webp

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија од 19 до 30 август ќе престојуваат во Охрид, како дел од полициската соработка за време на летната туристичка сезона, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

-Врз основа на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Србија и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за соработка во текот на туристичката сезона, тројца полициски службеници од општа надлежност и еден службеник криминалистичката полиција на МВР на Србија секојдневно ќе работат со колегите од Република Северна Македонија за време на нивниот престој во Охрид, се наведува во соопштението на српското МВР.

Граѓаните на Република Србија кои престојуваат во Охрид во наведениот период можат да контактираат со полициските службеници за информации и помош на следните телефонски броеви: Службеникот за криминалистичка полиција: +381 66 878 3223; униформирани полициски службеници: +381 66 878 3242; +381 66 878 3241 и +381 66 878 3224.

Овој вид на полициска соработка беше договорен при официјалната посета на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, кој од 25 до 26 јули годинава престојуваше во Република Србија.

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца