Утрински Весник
Скопје

Делови од Аеродром и Карпош, како и повеќе скопски села утре без струја

Bez Stru A.jpg

Корисниците од населените места Студеничани и Моране од 5:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 5:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и населените места Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино, вклучително и објектите на ЖТП – Јане Сандански и ЖТП – Зелениково.

Во периодот од 8:00 до 9:00 часот и од 10:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и дел од  корисниците од село Крушопек.

Од 8:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Благој Мучето“ и „Архитект Сотир Томовски“ во општина Аеродром, а од 9:00 до 15:00 часот  дел од корисниците од улицата „Ловќенска“ во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. 

Можете да прочитате

Две нови катни гаражи за Клиничкиот центар

Обоена со сина боја зградата на МВР и меморијален марш до Водно

Камениот мост ќе заблеска во ново светло