Утрински Весник
Свет

Два филипински брода оштетени по маневри на кинески пловни објекти

20240819080805 Big 730x400 81.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Два брода на филипинската крајбрежна стража се оштетени по судир со кинески пловни објекти, кои, според официјална Манила, извршиле „незаконски и агресивни маневри“ во близина на спорниот атол Сабина во Јужното Кинеско Море, соопштија денеска филипинските власти.

Кинеските маневри предизвикале судир кој нанел структурни оштетувања на двата филипински брода, стои во соопштението на филипинските власти за морска безбедност. Од своја страна, Пекинг информира за судир на свој брод со филипински во областа и ги нарече дејствата на филипинската крајбрежна стража „провокативни“.

Портпаролот на филипинскиот Совет за безбедност, Џонатан Малаја, изјави дека акциите на Филипините за зацврстување на своите права во Јужното Кинеско Море не се провокативни.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична