Утрински Весник
Свет

Потрага по маскираниот напаѓач кој избоде до смрт дете во Шпанија

Nozh.webp.webp

Единаесетгодишно момче било избодено од маскиран напаѓач додека играло на фудбалско игралиште во мал шпански град јужно од Мадрид, пренесе државната телевизија РТВЕ, пренесе ДПА.

Напаѓачот ненадејно се појавил на игралиштето во Мосехон и го избодел момчето со остар предмет.

До пристигнувањето на Итната служба, момчето доживеало срцева слабост и не можело да биде реанимирано, соопшти телевизијата. Почната е голема потрага по непознатиот напаѓач.

Премиерот на шпанската област Кастиља – Ла Манча, Емилијано Гарсија-Паже, изрази шок и сочувство со семејството на момчето и повика на брзо приведување на сторителот.

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја