Утрински Весник
Свет

Панорамското тркало се запали на музички фестивал во Германија, повредени околу 30 лица

20240818090023 Big 730x400 5.webp.webp

Повеќе од 30 лица се повредени откако синоќа се запали панорамско тркало на фестивалот „Хајфилд“ во близина на германскиот град Лајпциг во источниот дел на земјата, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата.

Според првичните податоци, сите жртви вдишале чад откако две кабини се запалиле на тркалото, изјави портпаролката на полицијата.

Сепак, шефот на операциите на германскиот Црвен крст изјави дека две лица се тешко повредени. Портпаролката на полицијата првично не можеше да ја потврди оваа информација. Таа, сепак, рече дека меѓу повредените има и четворица полицајци.

Причините за пожарот засега се нејасни. Првично, една од кабините на панорамското тркало се запали околу 21 часот по локално време. Пожарот потоа се проширил и на втората кабина. Според известувачот на ДПА кој бил на местото на несреќата, пожарот целосно ги уништил двете кабини.

Еден од посетителите на фестивалот од Келн рече дека панорамското тркало наеднаш се забрзало. Запалените кабини се наоѓале на самиот врв на тркалото.

Околу 30 минути по избувнувањето на пожарот, портпаролот на противпожарната служба изјави дека ситуацијата е под контрола.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата