Утрински Весник
Свет

Русија го изврши третиот напад со балистички ракети врз Киев овој месец

20240818081108 Big 730x400 74.webp.webp

Русија го подложи украинскиот главен град Киев на трет напад со балистички ракети овој месец, според прелиминарните податоци дека сите проектили биле уништени кога се приближиле до градот, соопшти воената администрација на украинската престолнина, цитирана украинските медиуми.

-Ова е веќе трет балистички напад врз главниот град во август, со интервал од точно шест дена помеѓу секој напад, изјави на Телеграм, Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев. „Според прелиминарните информации, Русите повторно, трет пат по ред, најверојатно користеле севернокорејски балистички ракети“.

Се известува и дека нападот бил речиси идентичен со претходните, забележуваат украинските медиуми.

Попко додаде дека украинските единици за воздушна одбрана уништиле и неколку беспилотни летала лансирани од Русија. Засега не се разјаснети размерите на нападот, според Попко, нема извештаи за жртви или материјална штета.

-Околу два часа по првичниот напад, Киев, неговата околина и поголемиот дел од централна и североисточна Украина повторно беа во состојба на готовност, со извештаи за повеќе проектили насочени кон градот, соопшти украинското воздухопловство.

Истовремено, остатоци од уништено украинско беспилотно летало запалиле дизел гориво во индустриски склад во руската област Ростов, изјави на Телеграм гувернерот на југозападната руска област, Василиј Голубев. 

Можете да прочитате

Украинците тврдат дека уништиле уште еден мост во областа Курск во Русија

Лукашенко: Белоруски војници се распоредени долж целата граница со Украина

Околу 68 милиони Јужноафриканци погодени од сушата предизвикана од Ел Нињо