Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се излегува на површина со тек на време па така и коалицијата Арсовска – ДУИ – СДС, тие се причината зошто Скопје пати и тоне во ѓубре

1707051574 unnamed file.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Се излегува на површина со тек на време, па така и коалицијата СДС – ДУИ – Данела Арсовска. Коалицијата на Арсовска со СДС и ДУИ одамна ја обелоденивме и одамна народот ја препозна, всушност заради таа коалиција Скопје тоне.

Назначувањето на Јетон Бучи од ДУИ, како и директорите во ЈСП се доказ од кого Скопје пати.

ДУИ и СДС како власт ја фатија Арсовска, ја корумпираа и уценија и сега таа е беспоговорен извршител на сите налудничави идеи на ДУИ и СДС меѓу кој е и нивниот плиткоумен план да го остават Скопје да тоне во ѓубре и неефикасни локални градски институции а паралелно да го набедуваат ВМРО-ДПМНЕ дека е криво за тоа.

Како што ја распаднаа државата и нејзините институции сега го прават на градот Скопје. На ист начин. Со исти методи и со исти актери со несомнен морален дефект. Е до таму им оди умот на овие бандити, кои се кријат во раководствата на СДС и ДУИ, кои лесно наоѓаат свој извршители по сопствени вредности, имиџ, карактер и критериуми, искористувајќи им ги слабостите и отстуството на морални вредности како во случајот во името на лицето Данела Арсовска.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила