Утрински Весник
Македонија

„Спасете го Гари пред да му нема спас!“ бараат жителите откако огнот е сè поблиску, а ни ЦУК ни надлежните не преземаат ништо

Gari Pozar 4 E1723879091416.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Втор ден беснее огнот во близина на дебарското село Гари на планината Стогово. Во утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се вели дека овој е еден од 13-те активни пожари низ Македонија, а гори мешана шума, но нема детали како се интервенира и што се презема.

Жителите утрово се уште позагрижени зошто пламените јазици се сè поблиску до селото. Велат не гледаме дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи, пишува Република.

Апели дека ситуацијата е доста сериозна и затоа е потребна брза интервенција од надлежните пристигаат уште од вчеравечер.

– Превземете нешто додека не е премногу касно, вели постар жител на Гари, додавајќи дека засега никој ништо не превзема за да се угаси пожарот.

– Се зборува дека го откажале хеликоптерот, па не се арни! Ситуацијата се влошува од час во час, гори сè повеќе и повеќе, а ние сме оставени овде сами на себе, коментира друг гаричанец, огорчен што никој не ги слуша нивните апели за помош.

Целиот текст прочитајте го на Република со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Нов модел на специјализации, темелно се менува пристапот за креирање медицински кадар

Николоски и Мисајловски на работна посета во Република Унгарија

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства