Утрински Весник
Македонија

Делови од Македонија утре во жолта фаза – ќе има високи температури, но и невреме!

Toplo.webp.webp

Управа за хидрометеоролошки работи денеска упати метео предупредување.

Според нив, во текот на утрешниот ден, на делови низ Македонија, ќе има активно жолто ниво на опасност од високи температури и услови за локално невреме.

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Можете да прочитате

Смртта на 24-годишната Македонка се уште е под истрага, се очекуваат токсиколошките резултати

 Учество на министерот Муцунски на Самитот на НАТО во Анкара, Турција

Даниела Димовска избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје