Утрински Весник
Скопје

Општина Центар со цистерна и вработени во ПОЦ помага во гасење на пожарот во Јасен

Whatsapp Image 2024 08 16 At 13.19.57 1f534b60.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вработени од комуналното претпријатие ЈП ПОЦ со цистерната на Општина Центар помага во гаснење на пожарот на Јасен. На шумскиот резерват гори борова шума повеќе од 20-на дена при што изгоре значителна површина шума.

Солидарноста и поддршката за институциите во моментов е од огромно значење. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски апелира за крајно внимателно однесување и почитување на правилата од институциите.

„Од почетокот на кризата со пожарите, Општина Центар дава постојана поддршка на ЦУК и ги става на располагање сите расположливи капацитети. Нашите вработени даваат логистичка поддршка и доброволно учествуваат во гаснењето на пожарите. Сите мора да бидеме свесни колку е значајно во оваа криза да ги заштитиме шумите и природата, но и да го спречиме ризикот за животот и имотите на граѓаните. Затоа апелирам и граѓаните да бидат максимално свесни за сопствените постапки и да ги почитуваат пропишаните правила на институциите за движење во шумите”, порачува Герасимовски.

Претходно општината организираше итен координативен состанок со општинскиот Штаб за заштита и спасување и претставник на Центарот за управување со кризи. Во насока на ублажување на последиците и помош за спасувачките екипи и доброволците на терен, Општина Центар преку општествено одговорни компании обезбеди донации на вода и освежителни пијалаци и нивен транспорт до местата каде што се наоѓаат екипите што интервенираат.

Можете да прочитате

Левица-Аеродром: Зимзоленд сеуште работи – 24info.mk

Скопје на второ место во Европа по загаденост на воздухот

Без струја делови од Илинден, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево