Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали ќе одговара некој во МВР за бегството на Рамадани, бараме истрага одма

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Смешно изгледаат обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се иземат од одговорност за бегството на Блерим Рамадани кој веќе одмара на Косово и се слика на Фејсбук.

Задолжен за негово обезбедување во куќен притвор е Тошковски и МВР и тие свесно го имаат пуштено. Каде е одговорноста за несоодветно чување на затвореникот? 

Дали е покрената постапка од внатрешна контрола и МВР за тоа како е избегал и кој од единиците кои требале да го обезбедуваат ќе одговара? 

Дали ова значи дека секој кој е во куќен притвор може слободно да избега и за тоа да биде крив судот кој определил таква мерка, или криви се оние кои требале да го обезбедуваат? Тошковски и Мицкоски не може да го скријат фактот е дека ова наликува на однапред договорена работа со косовските власти каде тие се извршители и олеснувачи на овој процес.

СДСМ бара итна истрага во МВР и извештај за тоа како успеал да побегне од куќен притвор Рамадани. Ако остане одговорноста само кај судот кој одлучил куќен притвор, тогаш ќе биде јасно дека апсењето на Рамадани е само една голема манипулација и лага за која однапред се знаело дека тој ќе биде пуштен. Мицкоски да се одважи да каже дали ова не е дел од договорот меѓу него и Курти. 

ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста а МВР да покрене постапки веднаш.

Можете да прочитате

Голем пожар кај Струмица – забрзано се движи кон селата Сушево и Владевци

Активни се 17 пожари на отворен простор, изгаснати 13, а под контрола 5

Делови од Македонија утре во жолта фаза – ќе има високи температури, но и невреме!