Утрински Весник
Македонија

Филипче: На ДУИ треба да им е јасно дека Рамковниот Договор не е извор на желби

Venko Fokus 2.jpeg

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус” вели дека СДСМ нема да поддржи никаква интерпретација или автентично толкување на Рамковниот договор и додава дека тој не е извор на желби. 

„На ДУИ треба да им биде јасно дека тој не е неисцрпен извор на желби. Тоа е историски документ и се што е од него произлезено и договорено со нашите стратешки партнери, како меѓународни гарантори на тој договор, е веќе втора деценија дел од уставниот поредок на земјата. Нема интерпретации, нема автентични толкувања. Мачен и долг беше процесот на негова имплементација и ставот на СДСМ е јасен: ниту поддржувала, ниту ќе поддржи какви било барања за негова интерпретација, или како што слушам сега, автентично толкување од странски експерти, од кого и да доаѓаат”, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интревју на неделникот „Фокус”.

Можете да прочитате

Мотоциклист настрада во сообраќајка на Пластичарска

ВМРО-ДПМНЕ: Над 2000 проекти се реализирани во неполни две години

Скопјанец пронајден починат во сопствениот