Утрински Весник
Свет

Повторно штрајк на индиските лекари поради силувањето и убиството на нивна колешка

20240816090655 Big 730x400 60.webp.webp

Индиските лекари денеска стапуваат во 24-часовен штрајк во знак на протест поради силување и убиство на лекарка во медицинскиот колеџ во Калкута.

Лекарите, посебно жените се изложени на насилство поради природата на професијата. Власта треба да осигури безбедност на лекарите во болниците и кампусите, соопшти Индиското медицинско здружение.

Политичките партии во земјата, вклучително и партијата Баратила Џаната на премиерот Нарендра Моди, најавија дека ќе учествуваат на протестите најавени за денеска, а свое учество најавија и боливудските актери и други познати личности.

Тоа не е прв штрајк на индиските лекари кои бараат подобри и побезбедни услови за работа. Лекарите во државните болници во Индија на 12 август стапија во штрајк во знак на протест поради силувањето и убиството на лекарката.

Пред два дена илјадници жени ширум Индија протестираа поради насилството врз жените.

Телото на 31-годишната лекарка беше пронајдено на 9 август во државната болница во Калкута, во индиската држава Западен Бенгал. Обдукцијата потврди дека таа била силувана и убиена. Полицијата уапси маж кој работел во истата болница како и жртвата. Тој им пружал помош на пациентите во чекалните.

Сексуалното насилство врз жените е широко распространето во Индија. Во 2012 година во автобус во Њу Делхи до смрт групно беше силувана 23-годишна студентка. Во земјата со 1,4 милијарди луѓе во 2022 година дневно се пријавувале речиси 90 силувања.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа