Утрински Весник
Спорт

Втор пораз за Тиквеш на Струшкиот ракометен турнир

20240816071541 Big 730x400 28.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Екипата на Тиквеш го загуби и вториот меч на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, откако синоќа во неизвесен натпревар подобар беше тимот на Ексилтуна Гуиф со 32 : 30 (15:15).

Двата тима во текот на натпреварот се менуваа во водството, но швеѓаните беа подобри во последните минути од мечот и заслужено славеа со два гола предност. Најдобри стрелци на натпреварот беа Кристијан Анастасовски од Тиквеш и Оле Остерхол од Ексилтуна Гуиф со по седум погодоци.

Шведскиот тим денеска во директен дуел со македонскиот вицешампион Вардар ќе решаваат за првиот финалист на овогодинашниот Струшки ракометен турнир. Вечерва во директен дуел за финалето ќе играат и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер против грчки ПАОК.

Тиквеш пак првата победа на турнирот ќе ја бара во саботниот меч за петтото место против домаќинот Струга. 

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место