Утрински Весник
Македонија

86годишна жена измамена за 10.000 евра

1706443444 Unnamed File.webp.webp

На 14.08.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје, 86 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат од полиција во Црна Гора. Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото каде што ѝ кажало лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија