Утрински Весник
Свет

Британците сакаат да се вратат во ЕУ

20240815110304 Big 730x400 90.webp.webp

Повеќе од половина од граѓаните на Велика Британија би гласале за повторно пристапување во ЕУ доколку се одржи нов референдум, покажа националното истражување. Анкетата доаѓа осум години откако гласањето за Брегзит доведе до излегување на Британија од блокот.

Според истражувањето, во кое беа опфатени повеќе од 2.000 британски граѓани на крајот на минатиот месец, дури 59 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за враќање во ЕУ на хипотетички нов референдум.

Спротивно на тоа, 41 отсто рекле дека би биле против повторното приклучување кон блокот.

Повеќе од 60 отсто од гласачите рекоа дека ќе поддржат поблиски врски со Брисел кои нема да вклучуваат формално повторно приклучување кон блокот или неговиот единствен пазар или царинска унија. Само 17 отсто од испитаниците се спротивставија на ова, додека други 20 проценти не беа сигурни.

Кај британските гласачи дури 55 отсто сметаат дека одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија е погрешен потег, додека 34 отсто остануваат на таа одлука.

Можете да прочитате

Димитар Ковачевски, Арбана Пашоли и Стефан Андоновски ќе бидат гости на Конвенцијата на демократите во Чикаго

Скандал: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката – бил под дејство на кокаин

Изгоре и потона јахтата на турски претприемач вредна речиси 16 милиони евра