Утрински Весник
Балкан

Со потерница баран Србин убиен на тајна журка во Шпанија

Img 2625.jpeg

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека Националната полиција на Шпанија потврдила до српското Министерство за внатрешни работи дека во градот Естепона е убиен српски државјанин.

„Од Националната полиција на Шпанија ни потврдија дека на 12 август во градот Естепона бил убиен српскиот државјанин С.М. (1988) од Белград. Убиството било извршено со огнено оружје, а С.М. починал на лице место. Лицето имало лажен идентитет на белгиски државјанин. Според информациите од шпанската полиција, засега нема врска меѓу овој настан и трговијата со дрога и организираниот криминал,” изјави Дачиќ.

Тој додаде дека по С.М. била распишана меѓународна потерница од Интерпол Белград, бидејќи бил член на организирана криминална група која се занимавала со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Неговата улога во групата била да натовари кокаин на бродови, да ја надгледува дрогата при отстранување од европските пристаништа и нејзина понатамошна дистрибуција. Целата комуникација околу активностите била снимена преку апликацијата „SkyEcc“.

Можете да прочитате

Силно невреме ги погоди Црна Гора и Хрватска

Косово ќе прими уште украински новинари и членови на нивните семејства

Македонецот починал од срцев удар при обидот да ја заштити сопругата од претходниот маж