Утрински Весник
Македонија

Средба Зеколи – Шаќири со Челикаја: Зајакнување и зголемување на економската соработка меѓу двете земји

Img 2614.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, денеска оствари средба со помошник амбасодорот на Република Турција во земјава, г-дин Мухамед Челикаја.

Заменик министерката информираше за силниот инвестициски циклус во инфраструктурата со посебен акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура.

Исто така на средбата се разговараше  за добрата поврзаност со Република Турција во делот на авиосообраќајот и областа на меѓународниот патен сообраќај меѓу двете земји.

,, Соработката меѓу двете земји е на одлично ниво и несомнено така треба и да продолжи во сите области кои се од заемен интерес. Имаме одлични релации во авиосообраќајот каде што согласно летниот ред на летање за 2024 година турскиот авиопревозник TURKISH AIRLINES оперира 7 пати неделно (секој ден од неделата) на релација: Истанбул – Скопје Скопје – Истанбул и во делот на патниот транспорт односно во делот превоз на стока За 2024 година се разменети:

– 1300 дозволи за и од трети земји и

– 3150 дозволи за влез на празни камиони при билатерален превоз на стоки а во делот превоз на патници воспоставени се 8 (осум) автобуски линии за вршење на меѓународен линиски превоз на патници, за кои превозниците поседуваат важечки дозволи и истовремено се води постапка за издавање на дозвола за вршење на меѓународен линиски превоз на патници  за две релации. ‘’ истакна заменик министерката Зеколи-Шаќири.

На средбата заменик министерката Зеколи – Шаќири се заблагодари за силната поддршка на Република Турција.

Можете да прочитате

Пијан возач удрил во полициско возило кај Дебар

Во Охридско Езеро поставена новогодишна подводна елка

Камион се превртел кај Желино