Утрински Весник
Македонија

Полицајци пукале и бркале камион со дрва додека едно лице ги фрлало дрвата од камионот и го попречувале патот

Policija Nokje.jpg

Вчера во 20.00 часот на место викано „Рамно“, скопско, полициски службеници од СВР Скопје дале знак за запирање на товарно возило без регистарски ознаки натоварено со огревно дрво, но возилото продолжило со движење кон полициските службеници.

Притоа, еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во водух, по што со службеното возило тргнале по товарното возило. При движење, лице од товарното возило исфрлило дел од дрвата и го попречило патот на полициските службеници, по што товарното возило продолжило со движење кон с.Арачиново.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Одбележан Денот на Инженерискиот баталјон на АРМ

Клековски: Едно боцкање за рано откривање — грижата за машкото здравје не смее да биде табу

Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки