Утрински Весник
Македонија

Наместо да го укине, ВМРО-ДПМНЕ го унапреди „балансерот“

Dui Vs Vmro.jpg

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера во Собранието  го усвоија предлогот за формирање на собраниска комисија за мониторирање на спроведување на т.н. „Балансер”. 

Со таа комисија ќе претседава пратеник на ДУИ а истата ќе има за цел да ја следи правичната застапеност во институциите.

Пред да дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ како опозиција жестоко, а особено во предизборната кампања го критикуваше таканаречениот балансер во јавната администрација.

Премиерот Христијан Мицкоски и во кампањата и години претходно негативно зборуваше за овој механизам.

„Она кое што најмногу ги интересира граѓаните тоа е балансерот. Ова е исто така услов кој сака да биде во коалиција. Ние цениме дека е неправичен, фаворизиран, дискриминиран“ рече при претставувањето на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Но по по само два месеци од формирањето на новата Влада, „балансерот“ не само што не е укинат, туку тој е дополнително надграден, преку формирање на ново собраниско тело.

На ова може да се гледа и како чекор кон воспоставување на нов закон за правична застапеност, односно механизмот „балансер“ да стане закон.

Тоа, впрочем е една од заложбите на владиниот партнер на Мицкоски, коалицијата Вреди.

„Прво, заеднички ќе констатираме дека балансерот не функционирал во последните години. Значи, на почетокот ги даде вистинските ефекти, но во последниве години го даде спротивниот ефект. Знаеме дека имало многу случаи кога Македонците биле претставувани како Албанци или Албанците како Турци. Значи, тоа не беше во функција на правична застапеност на немнозинските заедници во Македонија. Значи, тука се согласуваме. И не се деградира, туку се издигнува на повисоко ниво. Затоа, ова треба да биде регулирано со закон за да биде законска норма на соодветна и квалитативна застапеност “, ќе рече неколку недели Изет Меџити од коалицијата ВРЕДИ.

ВМРО-ДПМНЕ ја заборави дестабилизацијата на ДУИ?

Формирањето на новата комисија во Собранието кој е заеднички „проект“ на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, во втор план ја фрли приказната дека албанската опозициска партија се подготвувала за дестабилизација.

ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Мицкоски и министрите во Владата одеднаш не зборуваат за наводна дестабилизација, наратив со кој неколку денови настапуваа во јавноста.

На тој начин се стекнува впечаток дека целиот тој наратив за наводна дестабилизација на есен бил начин на дефокусирање на јавноста од мноштвото скандали што за само еден месец ги произведе новата Влада, од кој најсилен беше инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром.

Опозициските партии СДСМ и Левица утрово порачаа дека со новата собраниска комисија се потврдува старо-новата коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Дали таа навистина и ќе се официјализира, останува да видиме.

Можете да прочитате

Суспендиран сообраќаец кој извршил обљуба врз жена возач

Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток

Иџет Мемети од Советот на обвинители призна вина и се спогоди да не лежи затвор за случајот со митото и врховниот судија