Утрински Весник
Скопје

Во Град Скопје ништо ново: Разрешен директорот на ЈП Дрисла

Grad Skop E 1.webp.webp

Град Скопје објави дека поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување, денес од функцијата директор на ЈП Дрисла е разрешен Александар Кузинаков.

„За неговото работење до градот Скопје пристигнати се бројни пријави со индиции за злоупотреба и пречекорување на овластувањата за што градот Скопје веќе најави ад хок ревизија. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП Дрисла е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела“ се наведува во соопштението на Град Скопје.

Во досегашниот мандат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска разреши повеќе од триесеттина директори на јавни претптијатија и институции под нејзина надлежност.

Можете да прочитате

Меџити: Помошното игралиште на ФК Шкупи – значајна инвестиција за развојот на спортот во Чаир

ВИДЕО Принова во ЗОО Скопје: На свет дојде ново бебе пингвин од загрозениот вид Хамболт

Делови од Скопје утре без струја