Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ им гласа одлуки на ДУИ, оние кои ќе ја дестабилизираа државата

Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја труе јавноста со прес конференции на кои наводно го напаѓа ДУИ, додека во позадина одлично им функционира коалицијата. Денес сме сведоци дека ВМРО-ДПМНЕ го реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ, формирано е тело за следење на правичната застапеност. 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска заедно изгласаа Одлука за основа на Комисија на Собранието за следење на правична застапеност на етничките заедници.

Додека секој ден од ВМРО-ДПМНЕ глумат на прес конференции некакви си напади кон ДУИ во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заеднички гласаат договорени работи. Претходно ДУИ му обезбеди гласови на Мицкоски за новите министерства без кои не можеше да состави Влада во ваков обем.

Што друго е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ? Договорите допрва ќе ги дознаеме, но граѓаните не се слепи за да не ја препознаат манипулацијата и лажните јавни конфликти меѓу двете партии. ВМРО-ДПМНЕ им гласа одлуки на оние за кои вели дека ќе ја дестабилизираат државата, да не беше смешно ќе беше трагично. Овие манипулации со чуствата на граѓаните во јавноста, додека под маса се договараат коалиции се веќе видени методи кои граѓаните ќе ги препознаат и казнат.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер