Утрински Весник
Магазин

Практични совети: Како да се разладите без клима

Razladite.jpg

Без разлика дали немате клима, или не ја користите поради проблеми со синусите или сакате да заштедите струја, постојат други начини да ја намалите температурата во станот и на тој начин да го направите вашиот престој пријатен за себе и за вашите домашните, без потење што создава нервоза. Нема да се олади како клима уредот, но во секој случај ќе донесе освежување.

Сол, вода и вентилатор

Потребна ви е сол, вода и вентилатор. Земете шест пластични шишиња, истурете по две лажички сол, наполнете ги со вода и ставете ги во замрзнувач преку ноќ. Наредете ги пред вентилаторот наутро, а под шишињата ставете послужавник. Солта ќе ја одржува водата замрзната подолго, а вентилаторот ќе се олади исто како клима уредот.

Брзо освежување

Истурете вода во шише со распрскувач, ставете го во фрижидер да се излади, а потоа испрскајте го воздухот во просторијата каде што престојувате. Кога водата испарува, таа апсорбира одредена количина на топлина од просторијата. Испрскајте го на мебелот, на тепихот.

Што е можно помалку влага

Перете ги алиштата рано наутро или доцна навечер, за да не работи машината за перење во најтоплиот дел од денот и да го загрее станот. Додека работи машината, вклучете го аспираторот и отворете ги прозорците, за што поскоро да исчезне влагата од станот. Да готвите храна долго време и да ја вклучите рерната во топлите денови не е добра идеја доколку немате клима, па избегнувајте ја.

За да спиете подобро

Спијте на ленени чаршафи, бидејќи тие се ладат двојно повеќе од памукот или на перница од хељда која има природен воздушен простор и не реагира на топлината на вашето тело. Добар избор е и памучната постелнина, но треба да се избегнува синтетичка постелнина, бидејќи го поттикнува потењето.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста