Утрински Весник
Свет

Мицотакис го прекина одморот поради пожарот во Атика

Micotakis.jpg

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис денеска го прекина одморот и го посети Оперативниот координативен центар за операции и управување со кризи (ЕСКЕДИК) на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, каде ги доби најновите информации за пожарот што од вчера беснее во Атика.

Во центарот бил информиран за противпожарната операција, распоредување на воздухопловни сили, капацитети, а придружуван од министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилија, пренесува порталот Прототема.

Голем пожар избувна во неделата попладне во Атика и брзо се прошири во многу други области, поради што се вели дека владата е во состојба на готовност.

Можете да прочитате

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати