Утрински Весник
Свет

Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, пилотот загина, гостите евакуирани

Policija Avstralija.jpg

Хеликоптер се урна во покривот на хотел во популарниот туристички град Кернс во северна Австралија, при што загина пилотот, а стотици гости се евакуирани, соопштија денеска властите.

Службите за итни случаи биле повикани околу 2 часот по полноќ по локално време, откако двомоторен хеликоптер се урна во покривот на хотелот, предизвикувајќи пожар на горниот дел од зградата, што предизвика евакуација, се вели во соопштението на државната полиција на Квинсленд.

Полицијата соопшти дека во тек е форензичка истрага за официјално да се идентификува пилотот кој бил прогласен за мртов на местото на несреќата. „Никој на теренот не е повреден“, се вели во соопштението.

Австралиските медиуми јавија дека несреќата се случила во хотелот Хилтон во градот Кернс, кој е познат како главна почетна точка за посета на Големиот корален гребен.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот