Утрински Весник
Свет

Киев за упадот на руска територија: Целта е да се дестабилизира Москва

Napad Ka Kursk.jpg

Нападот во руската област Курск има за цел да ги ослабне силите на Москва и да ја дестабилизира Русија, изјави денеска неименуван украински безбедносен претставник за француски медиуми.

По неколкумесечно повлекување пред руската армија на Источниот фронт, Украина во вторникот започна голема операција во пограничниот регион Курск, навлегувајќи, според аналитичарите, најмалку петнаесет километри длабоко во руска територија, притоа преземајќи ја контролата врз неколку локалитети.

„Целта е да се растегнат позициите на непријателот, да се нанесат максимални загуби, да се дестабилизира ситуацијата во Русија – затоа што тие не се во состојба да ги заштитат сопствените граници – и да се префрли војната на руска територија“, изјави украинскиот безбедносен претставник кој сакаше да остане анонимен.

Руската војска во средата соопшти дека Украина распоредила околу 1.000 војници за украинскиот упад на територија на Русија.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот