Утрински Весник
Македонија

Ова утро во Македонија измерена најниска температура од 12 степени – Денов ќе биде сончев и многу топол, се очекуваат максимални дневни 39 степени

Temp Gr 3.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани, најсвежо ова утро беше во Лазарополе  и во Берово со измерени 12 степени, а најтопло со измерени 22 степени беше во Гевгелија. Во Скопје ова утро температурата изнесуваше 21 степен.

Во продолжение на картата погледнете ги и останатите температури измерени по градови и места низ државава ова неделно утро

Денес (недела) денот ќе биде стабилен, сув, сончев и многу топол со максимални температури кои насекаде ќе надминуваат 30 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 39 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до 38 степени.

Можете да прочитате

Уапсен прилепчанец: При претрес пронајдени марихуана, вага и пари

Претреси и апсења во Скопје: Расчистена кражба на пари, злато и часовници

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца