Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Поддршка за ЦУК од „А1 Македонија“ во тековните напори за справување со пожарите од поголеми размери

20240810095213 Big 730x400 32.webp.webp

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи се сретна со Методија Мирчев, Главен извршен директор на „А1 Македонија“, по повод нивната иницијатива за помош и поддршка на ЦУК во тековните напори за справување со пожарите од поголеми размери во нашата држава, преку донација на преносна ИТ, видео и комуникациска опрема и технички уреди.

При средбата Мирчев, изјави дека: „Во овие неизвесни денови за населението кое живее во близина на опожарените места кои спасот го гледаат во професионалните единици за гасење на пожарите, нашата поддршка е насочена кон сите засегнати страни и се надеваме дека донацијата ќе овозможи олеснување на вашата комуникација и координација при активностите на професионалните екипи на терен. Нивната посветеност и храброст не инспирираат и чест е да се придонесе во нивните тековни напори. Се надеваме дека оваа донација ќе им помогне за опремување со алатки и ресурси што им се потребни за да продолжат со нивната исклучително важна работа.“

Ангелов, на крајот од средбата изјави дека: „Секое парче опрема прави разлика во обезбедување поголема ефикасност на терен при заштитата на вегетацијата, имотите и животите на населението. Благодарни сме на вашата самоиницијативност, конкретно на А1 за помагање. Обезбедената опрема ќе ја подобри нашата оперативна ефикасност и ефективност во борбата со шумските пожари”.

Инаку, како одговор на кризата предизвикана од големите пожари што ја зафатија земјата и што водат кон потенцијална природна катастрофа, „А1 Македонија“, како општествено одговорна компанија, помага во вид на донација за поддршка на активностите на Центарот за управување со кризи, изразувајќи согледување на огромниот притисок при секојдневните деноноќни настани при справувањето со огнените стихии во нашата држава.

Донацијата се состои од опрема вклучувајќи и технолошки напредни апарати и треба да помогне на професионалните противпожарни екипи во нивната работа, документирање и комуникација, а и следење на состојбата на теренот, особено таму каде што има пожари.

Секако, според зборовите на претставникот на компанијата, „А1 Македонија“ останува посветена на позитивно влијание во заедницата преку различни иницијативи и партнерства. Оваа донација е дел од пошироката програма за корпоративна општествена одговорност чија цел е да одговори на клучните потреби на заедницата и активно да поддржи активности насочени кон заштита на животната средина.

Можете да прочитате

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година